Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тесна претседателска битка и очекувања за жестоки судски процеси – САД утре бираат меѓу Харис и Трамп

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Од Вашингтон за Телма

Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонски јазик

Бројот на предвремени гласачи во САД е значително поголем од вообичаеното. Повеќе од 75 милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори, што може да е знак за невообичаено голема излезност годинава.

Американците гласаат утре за да го изберат новиот станар на Белата куќа. Претседателската трка меѓу Камала Харис и Доналд Трамп е сепак толку тесна – што нивните тимови се во состојба на готовност, за потенцијалните правните битки што би можеле да произлезат, но и да го дефинираат исходот.

Претходно годинава, републиканскиот претседателски кандидат изјави за неколку медиуми дека доколку резултатите од претседателските избори на 5 ноември бидат „чесни, фер и слободни“, тој ќе ги прифати, и признае. Изборните власти се уверени дека процесот на гласање ќе биде фер, безбеден и транспарентен, но поранешниот претседател сè повеќе изразуваше загриженост за неговите противници дека најверојатно ќе извршат измама.

„Ако можеме да го елиминираме лажирањето, ќе имаме огромна победа“, изјави Трамп.

За време на интервјуто што се емитуваше минатиот месец на „Ен-Би-Си“, потпретседателката Камала Харис изјави дека нејзиниот тим ќе биде подготвен да оди по судовите, доколку Трамп загуби и се обиде да ги поништи изборите. Имаме ресурси и експертиза како и фокусот на тоа, велат од тимот Харис.

Републиканскиот национален комитет има т.н. „Програма за интегритет на изборите“ во државите кои важат за клучни, неопределени, swing state. Нивните адвокати веќе поднесоа повеќе од 100 тужби поради забележани нерегуларности на гласачките прописи, но многу од нив беа отфрлени на Суд. Демократите иницираа сопствени правни механизми, вклучително и тужба за да се спречат потенцијални одложувања во потврдувањето на резултатите од гласањето во Џорџија, на пример. Во тесните претседателски трки како оваа, се очекуваат жестоки судски битки.

Секој што тврди дека е измамен, сепак, мора да приложи докази, предупредуваат, правните експерти, Весна. Така беше и во минатото. На пример, барањето на поранешниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, беше отфрлено, поради ширење неосновани тврдења дека изборите во 2020 година се украдени. Правните битки би можеле да го одложат исходот од изборите. Но, ако во вторник навечер резултатите се јасно во корист на еден претседателски кандидат со одредена разлика, аналитичарите велат дека ќе биде многу потешко за спротивниот табор да ги оспори. Анкетите во седумте држави се во сферата на маргините на статистичка грешка, оставајќи го исходот, под сомнеж, во сите клучни, неопределени, општини ширум САД.