Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетово повторно е меѓу првите на листата најзагадени градови

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Дождот и ветрот го расчистија воздухот, но само краткорочно. Проблемот со аерозагадувањето ќе продолжи по промена на ваквите временски прилики. Повеќето градови секоја зима се „гушат“ од загаден воздух, меѓу нив и Тетово.

Жителите веќе чувствуваат здравствени потешкотии, поради што во Службата за брза помош имаат зголемен број повици. Најпогодени се лицата со хронични заболувања, но штетните последици ги чувствуваат и релативно здравите луѓе, велат лекарите.

Почесто се хроничните болни, со срцеви и респираторни заболувања. Најчесто повиците се поради тешкотии при дишење. Слободно може да се каже дека аерозагадувањето е најчестиот фактор што ни ги дава овие симпотми. Пациентите што се хронични опструктиви болести препорачуваме да се пазат, да не излегуваат кога загадувањето е големо, да носат маски, вели д-р бесник мустафаи од службата за итна помош во тетово.

Според експертите влошување на состојбата со аерозагадувањето се должи на начинот на затоплување на домаќинствата и објектите на институциите, а за зголемување на концентрацијата на штетните честитки во воздухот придонесуваат и сообраќајот и индустријата.

Првиот човек на Тетово, Биљал Касами, вели дека има план во кој се предвидени активности за подигнување на свеста кај жителите, додека инспекторите ќе ги засилат контролите на индустриските капацитети.

Интензивирано е делувањето на инспекторите за животна средина. Полицијата заедно со општинските инспкеторати на влезовите на градот да имаат акција во која ќе ги информираат граѓаните дека во градот да не влегуваат во едно возило само еден возач и да нема други граѓани во него. Исто така во делот на користење на јавниот превоз, значи има неколку мерки кои се предлагаат, рече градоначалникот касами.

И во Акцискиот план на Владата, мерките, кои ќе се применуваат во случаи на надминување на праговите на алармирање се краткорочни. Засега останува само најавата за гасификација на урбаните средини, како можно долгорочно решение.

Данијела Билбилоска