Многу ветувања од локалните власти, но малку реализирани проекти. Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот хаос и во деценските дупки по улиците за кои постојано стигнуваат ветувања дека ќе бидат санирани, но наместо нивно остранување тие се продлабочуваат. Жителите се жалат дека многумина од нив поради ваквиот неред се со оштетени возила.











