Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетовскиот суд одлучи: Печатите на Алијанса за Албанците му припаѓаат на крилото на Таравари

/

пред 205 дена

Сподели преку :

Крилото на Алијанса за Албанците, предводено од Зијадин Села, денеска преку соопштение истакна дека тетовскиот суд донел одлука во врска со партиските печати и дека тие му припаѓаат на Таравари и неговото крило. Од таборот на Села ја обвинуваат судската власт за политичко влијание по последната одлука која, според него, има за цел да ја ослабе партијата.

Судскиот процес трае неколку години. Предметот двапати беше вратен и трипати разгледуван во основниот суд. Според Села, ова е доказ за политички притисоци и најави жалба до Апелација, а додаде и дека е решен да продолжи со борбата. Од крилото на лидерот Арбен Таравари сѐ уште не се произнеле за новата пресуда.

Алијанса за Албанците пред последните парламентарни и претседателски избори се подели на две крила – едното на Таравари и другото на Села, кој по напуштањето на лидерската позиција стана претседавач со партиското собрание. Причина за расколот беше настапот на партијата на претседателските и парламентарни избори.