Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тиква тешка над еден тон победи на натпревар во Калифорнија

/

пред 719 дена

Сподели преку :

Џиновска тиква, тешка над едем тон го зазеде првото место во заедницата во Калифорнија која себеси се нарекува „Светска престолнина на тиквата“.

Оваа година беше одбележана 51 година од Годишното Светско првенство во тиква.

Тревис Гингер од Анока, Минесота се најде на првото место втора година по ред. Неговата тиква минатата година постави светски рекорд. Паричната награда за првопласираната тиква  изнесува 30.000 долари.

„Да се ​​победи на овој настан, мислам, тоа е неверојатно“, рече Гингер. „Немавме соодветна временска година за да го направиме тоа. Затоа е прекрасно да се биде овде на оваа сцена со моето семејство и пријателите“.