Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тим на ДЗС безбедно го симна странскиот параглајдерист на земја кај Крушево

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно го симна на земја странскиот параглајдерист кој попладнево летајќи кај Крушево удрил во дрво високо над 30 метри и останал да виси, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Параглајдеристот, за среќа, минал без сериозни повреди во инцидентот.

Попладнево ДЗС доби информација од полициската станица во Крушево за незгодата на странскиот параглајдерист. Локалните сили се обидоа да му помогнат, но не успеаја во намерата, па беше активиран специјализиран тим за спасување во планина на ДЗС.

Летајќи удрил во дрво високо над 30 метри и останал да виси – повреден странски параглајдерист кај Крушево