Петнаесетгодишно момче било 50 пати прободено со нож и жив запалено во средата во Марсеј, јужна Франција, изјави денеска градскиот обвинител Николас Бесон, цитиран од француските медиуми.
Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството.











