19-годишен студент од Шри Ланка е обвинет за убиство со нож на шест лица со коишто живеел во Отава. Меѓу жртвите има и двомесечно бебе и три деца кои биле членови на исто семејство. Осомничениот e идентификуван како Фебрио Де Зојса.
„Кога почнаа да пристигнуваат единиците, офицерите идентификуваа осомничено лице кое беше брзо уапсено без инциденти. Офицерите влегоа во домот да ја проверат безбедноста на оние што беа внатре и тогаш почнаа да ги наоѓаат шесте жртви, меѓу кои најмладата имала помалку од три месеци. Семејството се доселило во Канада, а потекнува од Шри Ланка“, изјави Ерик Стубс, полицаец од Отава.











