Тивок марш во Кочани во чест на жртвите во страотниот пожар во дискотеката на смртта. Тишина погласна и од зборовите.
Маршираше река луѓе кои ниту меѓусебно не разговараа. На крајот на маршот, тишината ја прекина една единствена порака.
Од протестниот марш во Кочани, во вестите во 15:30 часот, известуваше колешката Марија Митевска.











