Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тодор Александров доби споменик во родното штипско Ново Село, на 100 годишнината од неговата смрт

/

пред 791 дена

Сподели преку :

Со панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, марширање на коњаници и пеење на македонски патриотски песни низ улиците во историското штипско Ново Село беше одбележена стогодишнината од смртта на Тодор Александаров.

Во неговото родно Ново Село денеска беше откриен и споменикот, кој е поставен наспроти Музејот на ВМРО.

Поставувањето на споменикот на Александров, кој е со неговата пушка малихерка е на иницијатива на Здружението за одбележување на настани и личности од штипско Ново Село, а одлука имаат донесено и советниците во Советот на Општина Штип.

Тодор Александров еден од водачите на историското ВМРО, важи за претседател со најдолг стаж. Убиен е во 1924 година.

Но, се уште историчарите се поделени околу делата на Александров, за некои од нив е контраверзна историска личност, а според претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ, Александар Пандов е еден од најголемите Македонци и рамо до рамо со Гоце Делчев.

Во штипско Ново Село околу 30 години се одбележува смртта на Александров. Историчарите со неговото име поврзуваат низа на атентати, но и потпишувањето на Мајскиот манифест, по неговото убиство  челната позиција во ВМРО ја презел Ванчо Михајлов кој го отфрла манифестот и продолжил со терористичките активности насочени против левото крило на старата ВМРО.

Викторија Димитрова Јованова