Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема – Експертите за проценките за зголемување на цената на струјата

/

пред 1580 дена

Сподели преку :

Нема минимум или максимум при определувањето на цената на струјата,  тоа зависи од вкупните трошоци и вкупната потрошувачка предвидена за наредната година кај домаќинствата. Од она што се гледа на пазарот е дека има зголемување на цената на сите енергенси, како производни горива, во делот на производството на електрична енергија, изјави во вечерашната Топ Тема, Драган Миновски, професор по енергетика и обновливи извори на енергија.

„Сепак овој начин на тарифирање, со блок тарифите, дава некаква можност граѓаните да немаат поголеми трошоци за електрична енергија“ – изјави Миновски.

Секоја компанија има одреден процент со кој учествува во сметката на граѓаните, дистрибуцијата учествува со еден процент, преносот со друг, така да и зголемувањето да звучи многу во одреден правец, не мора да значи  дека вкупните трошоци ќе се зголемат многу, оцени Александар Дединец, научен соработник во МАНУ за енергетика и животна средина.

Она што го одредуваат компаниите е пред се колку ќе бидат нивните трошоци за загубите на електричната енергија во преносно и дистрибутивната мрежа и врз основа на тие трошоци ќе се креира нивната цена, вели Дединец.

„Не верувам дека ќе има некое големо зголемување, реален е стравот на граѓаните, затоа што се зголемија и голем број други трошоци, така да реално е да очекуваме дека ќе има зголемување и на електричната енергија“, вели Дединец.