Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топлотен бран во Јапонија, на западниот брег забележани 40 степени, тропски ноќи низ земјата

/

пред 836 дена

Сподели преку :

За првпат оваа година, Националната метеоролошка служба на Јапонија во неделата забележа температура на воздухот од 40 Целзиусови степени, бидејќи топлотниот бран се шири низ целата земја.

Висок воздушен притисок доминира над големи делови од Јапонија, а во префектурата Шизуока на западниот брег на Јапонија измерена е температура од 40 степени Целзиусови, пренесува агенцијата Кјодо.

До 1 часот по полноќ измерени се температури до 35 степени на повеќе од 168 локации низ Јапонија.

Јапонската национална метеоролошка служба издаде предупредување за топлотен удар за поголемиот дел од јапонскиот архипелаг, апелирајќи ги луѓето што повеќе да избегнуваат излегувања во текот на денот и да користат клима уреди во затворени простории.