Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топлотните бранови во САД и во Европа би биле „практично невозможни“ без климатските промени

/

пред 1167 дена

Сподели преку :

Жештините што зафатија делови од Северна Америка и Европа овој месец ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, се наведува во најновата анализа на  научниците од групата „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution).

Според нив високите температури предизвикуваат здравствени предупредувања и предизвикуваат големи шумски пожари. Десетици милиони луѓе се погодени од жешкото време на северната хемисфера, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на глобално ниво од почетокот на евиденцијата. Експертите предупредуваат дека ќе биде уште полошо доколку не се намалат емисиите на штетните гасови.

Силни топлотни бранови овој месец ја зафатија јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина, со температури над 45 степени Целзиусови.

Во анализата се истакнува дека научниците открија дека топлотните бранови во делови од Европа и Северна Америка би биле речиси невозможни без климатските промени. Тие тврдат дека глобалното затоплување влијаело речиси 50 пати врз температурите во Кина.

Науката веќе потврди дека климатските промени, со околу 1,2 степени Целзиусови глобално затоплување во доцниот 19 век ги направија топлотните бранови генерално пожешки, подолги и почести.