На социјалните медиуми масовно се споделува видео со кадри од конфликтната 2001 година во кој главен лик е Али Ахмети од страна на членови, функционери и од партиски групи на ДУИ.
На снимките, Ахмети е во униформа на УЧК и порачува дека досега не загубил ниту една војна.
Темата етнички тензии, ДУИ ја користи веќе неколку месеци особено откако беше укинат балнсерот и поради предметот во Уставен суд во врска со Законот за јазици.
Од владеачката колација, и од ВМРО-ДПМНЕ и од ВЛЕН постојано велат дека ДУИ ја користи оваа тема за да спаси дел од нејзините функционери од кривичен прогон.
На иста линија е и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој вели целта е да се направи дефокус на актуелните случувања.
Филипче: ДУИ е симбол на корупција и поделби, СДСМ јасно се дистанцира











