Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На разговор се повикани 14 лица, за малтретирањето на малолетничка која беше физички нападната и горена со цигара од нејзини соученички

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека случајот со врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров е во тек на истрага што се спроведува во координација со Јавното обвинителство.

Досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија.

Поради тоа што се работи за малолетници, надлежните постапуваат со зголемена внимателност и со ограничено споделување информации во јавноста.

Министерот нагласи дека институциите сериозно пристапуваат кон расчистување на случајот.

Тошковски истакна дека врсничкото насилство е сериозен општествен проблем, за чие решавање е потребен заеднички пристап.

Тој повика на поголема вклученост на родителите, училиштата и институциите со цел превенција и спречување на вакви појави во иднина.

Понижувана, физички нападната и горена со цигара од нејзини соученички – дел од насилството снимено и со мобилен телефон