Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека меѓу приведените има и починати лица кои биле организатори на концертот во дискотеката, но настрадале во пожарот. Неколкумина од осомничените се повредени и се во болница.
Повеќе од 20 лица се осомничени, околу 15 лица се наоѓаат во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, согласно сомнението кои што ги имаме досега од аспект на осомничените, дел се во болница, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.
Тошковски посочи дека меѓу приведените е и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување во чиј мандат до минатата година имало пропусти со контролата и со противпожарни проверки и инспекции, за што надлежна е токму таа дирекција.
Осомничен и приведен е и поранешен државен секретар во Министерството за економија како и раководител на сектор во истото министерство кое е задолжено за издавање лиценци.











