Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски: Толку дрога по улиците немало никогаш, мора да ги тргнеме криминалците од полицијата

/

пред 835 дена

Сподели преку :

Состојбата со количините на дрога којашто ја има по улиците во земјава е катастрофална.

Колку што сега има дрога на улица, немало никогаш, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој во интервју за Слободен печат истакна дека во следниот период најмногу внимание треба да се посвети околу безбедноста на границите.

Според него во последните 3-4 години немало никаква контрола и не се знаело кој влегува и кој излегува од државата, по мигрантски рути или споредни патишта.

– Ќе мора да внесеме луѓе, професионалци од одредени области каде што ни фалат. И секако, мора да ги решиме и криминалците во полицијата, затоа што има и такви, народот добро го знае тоа. Само на тој начин ќе си ја нормализираме држава – порача Тошковски.