Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагедија во Романија – се урна ѕид од училиште, се трага по преживеани

/

пред 1045 дена

Сподели преку :

Надвоешен ѕид од средно училиште се урна во романскиот град Одореи Секуеску. Според романските медиуми, објектот бил дел од школскиот интернат во училиштето, а спасувачите веќе неколку часа се на терен, во обид да извлечат затрупани ученици и наставници. Пронајдени се тројца преживеани ученици на возраст од 16 и 17 години. Еден од нив бил во свесна состојба, но другите двајца биле во бесознание, со срцев застој, но по реанимацијата од докторите тие се стабилизирале. Се уште се трага по четири деца, кои се водат за исчезнати.

Претпоставките се дека до уривање дошло откако работници вршеле работи на приклучување на објектот со канализационата мрежа.

Градските власти соопштија дека во училишниот двор се изведувале работи за приклучување на канализационата мрежа, што можеби влијаело на уривањето на објектот.