Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагедијата во Кочани зема уште една жртва

/

пред 555 дена

Сподели преку :

Утринава на 29 години почина Александар Глигоровски, кој беше еден од најкритичните повредени пациенти во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ден по трагедијата тој беше префрлен на лекување од Градската болница во Литванија, но неговата состојба од почетокот на април почнала да се влошува.

„Пациентот на 17-ти март беше префрлен од Општата градска болница во Литванија. Неговата здравствена состојба беше тешка уште од почетокот, но од 4-ти април му се влоши уште повеќе и од вчера веќе беше ставен на хемодијализа. Александар Глигоровски имаше 35% изгореници од трет степен и дополнително имаше и изгореници на дишните патишта. Тој беше еден од оние најкритичните пациенти“ соопшти Арбен Таравари, министер за здравство.

Во моментов, на болничко лекување во странство се наоѓаат 66 пациенти, а уште 10 се лекуваат во болници во земјава. Според информациите од здравствените власти, двајца од хоспиталираните во странство се во критична состојба.

„Другите двајца критични пациенти засега се критични меѓутоа се во стабилна состојба. Се надевам дека ќе бидат подобри“ изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Во петокот почина и Александар Карадакоски, исто така на 29-годишна возраст кој се лекуваше во Литванија. Тој беше најкритичниот пациент со 90 проценити изгореници на дишните патишта. 61 лице починаа по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а меѓу нив беа и шест малолетници. Ден по трагедијата животот го загуби и возачот на брза помош кој ноќта неуморно превезуваше повредени од Кочани до Скопје.

Тамара Марковска