Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп е подготвен за воена акција против Иран ако не се постигне договор

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен за воена акција против Иран ако не се постигне договор, наведувајќи дека во тој случај ќе дејствува како за време на 12-дневната војна во јуни минатата година.

Во телефонско интервју за израелската телевизија Канал 12, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави и Иран се обидуваат да постигнат договор, но дека Вашингтон има други опции ако разговорите не успеат.

  • „Иранците многу сакаат да постигнат договор. Или ќе склучиме договор, или ќе мора да направиме нешто многу остро, како минатиот пат“, рече Трамп.

Тој оцени дека последната рунда преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во Оман била „сосема поинаква“ во споредба со разговорите пред конфликтот во јуни, наведувајќи дека Иран сега покажува многу пофлексибилен пристап.

САД во регионот моментално го имаат носачот на авиони „УСС Линколн“ со придружна ударна група, а евентуалното распоредување на уште еден носач дополнително би го зголемило военото присуство на САД.