Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп фаворит според обложувалниците во однос на Харис – четири дена до изборите во САД

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во завршна фаза на кампањите за претседателските избори во САД на 5 ноември, во која се фокусираат на гласовите во колебливите држави, како Висконсин и Невада.

Истражувањата на јавното мислење во Мичиген, држава која исто така може да биде одлучувачка за исходот на изборите, покажуваат израмнета поддршка – Харис има 47 отсто од гласови, Трамп – 46 отсто.

Од изборите во 2016 година, довербата во традиционалните анкети опаѓа, а обложувалниците стануваат се поважен показател за изборите. Според проекции на обложувачниците, Трамп има околу 65 отсто шанси за победа додека Харис – 35 отсто. Професорот по економија на Дартмут колеџот, Ерик Зицевиц верува дека обложувалниците, во ситуација кога поддршката е поделена, може да дадат веродостојни прогнози.

Поддршка на кампањата на Трамп даде и милијардерот Илон Маск. Професорот по маркетинг, Томас Грук смета дека интересот за обложување на овие избори е поголем од претходно, поради грешки во досегашните анкети. Според Грент Фергусон, професот на универзитетот во Тексас, обложувалниците располагаат со точни информации, бидејќи во нивната работа „во игра се парите“.