Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го испратил Рубио да им каже на Зеленски и украинската делегација да си одат од Белата куќа

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Договорот за минералите со кој Трамп и Венс го „намамија“ Зеленски во Вашингтон остана непотпишан, откако и двајцата го нападнаа и навредуваа на отворената сесија во Овалната соба на Белата куќа пред целата светска јавност.

Кратко потоа Зеленски замина од Белата куќа без да одговарајќи на прашањата од новинарите кои довикуваа од страна.

CBS соопшти дека кратко по расрпавијата американскиот претседате ги испратил Државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц да им кажат на Зеленски и неговата делегација дека треба да си одат од Белата куќа.

Според американскиот медиуми, украинскиот претседател и неговата делегација по кавгата во Овалната соба биле одведени во друга просторија, каде било предвидено да ја чекаат поканата за заедничкиот ручек. Но, наместо поканата, пристигнале Рубио и Волц да им ја пренесат пораката од Трамп, дека треба да си заминат.

Украинците протестирале, објави CNN, и сакале да продолжат со разговорите, но Американците категорично одбиле.

Трамп: Зеленски не е подготвен за мир се додека Америка е вклучена