Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ – британски министер го спореди со Черчил

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин сака да ја „подели“ Европа и НАТО, предупреди британскиот министер за одбрана, Џон Хили. Во говор на прес-конференција во Норвешка, Хили рече дека Европа ја „засилува сигурноста“, потсетувајќи дека Шведкса и Финска се придружија на Алијансата по почетокот на руската инвазија на Украина.

„Препознавме, по состаноците што ги имав овие денови во НАТО, дека мора да направиме повеќе и тоа ќе го сториме“, додаде Хили.

Запрашан за коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нарече Володимир Зеленски „диктатор“ и повика на одржување на избори во Украина, Хили ја нагласи посветеноста на украинскиот претседател кон својата земја.

„Тоа е човек кој остана во својата земја, ја водеше мсвојата земја и сè уште ја води. Избран е. Тој е демократски избран лидер на Украина, а стори исто што и Винстон Черчил во Британија во Втората светска војна – ги суспендира изборите додека траеше војната“, рече Хили.

„Наша работа е да стоиме крај Украина и да ја поддржуваме во нејзината борба. А, ако одлучат да преговараат, ќе ги поддржиме и во тие преговори“, заклучи Хили.

Вчера Трамп на својата платформа Truth Social објави:

„Зеленски е неизбран диктатор. Подобро ќе биде да делува побрзо или ќе нема држава“.

Написот на Трамп наиде на остри реакции на европските челници кои застанаа во одбрана на Зеленски.