Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го предупреди Де Сантис да не се кандидира за републиканската номинација за претседателските избори во 2024

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го предупреди Рон Де Сантис, гувернерот на Флорида и растечка републиканска ѕвезда, дека ќе си наштети самиот себеси ако одлучи да се кандидира на внатрепартиските избори.

Мислам дека ќе направи грешка. На базата тоа нема да ѝ се допадне. Не знам дали ќе се кандидира. Мислам дека ако се кандидра сериозно ќе си наштети. Мислам дека тоа нема да биде добро за партијата, изјави поранешниот претседател за Фокс њуз.

Трамп исто така се закани и дека поседува компромитирачки информации за Де Сантис.

Ќе откријам работи за него кои не се многу пристојни. Знам повеќе за него од било кој друг, освен, можеби само неговата сопруга, порача Трамп.

Самиот Де Сантис одбегнува да зборува за евентуална кандидатура, но во републиканските кругови го гледаат како потенцијален силен против кандидат на Трамп, ако воопшто му биде дозволено на поранешниот претседател повторно да се кандидира, или водечки кандидат на републиканците ако Трамп не се кандидира.

44 годишниот Де Сантис е релативно нов политичар, кој стана гувернер на Флорида во 2019 година, но неговата популарност постојано расте, благодарение на неговото справување со Ковид кризата и штетите од ураганот Ијан. Не помалку значајна е и неговата подготвеност да соработува со демократите и претседателот Бајден околу прашања за кои е потребен консензус, иако е гласен критичар на речиси сите политики на федералната влада.

Разликата помеѓу нестабилниот, полусенилен претседател, чиј прес тим е приморан да го средува нередот секој пат кога ќе ја отвори устата, против некој како мене, кој е отворен. Јас сум многу директен. Го зборувам тоа што го мислам, го мислам тоа што го зборувам. Јас водам и ги завршувам работите, изјави Де Сантис во март за време на телевизиско гостување.

Иако Де Сантис за време на кампањата за реизбор постојано ја отфрлаше можноста за потенцијална претседателска кандидатура, сепак последните анкети на национално ниво покажуваат дека не заостанува премногу во поддршката позади Трамп.