Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Иран сака да постигне договор со САД за нуклеарна програма

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Иран сака да постигне договор со САД околу својата нуклеарна програма.

Во интервју за „Фокс Бизнис“, Трамп рече дека би било „глупаво“ доколку Техеран не се согласи на договор.

На прашањето дали евентуален договор би бил одржлив со сегашниот ирански режим, Трамп одговори дека не е сигурен, но нагласи дека Иранците комуницираат со него. „Знам едно – сакаат договор.

Не разговараат со никој друг, но разговараат со мене“, изјави тој. Меѓувреме, висок ирански безбедносен претставник отпатува во Оман, кој посредува во разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, со цел да се избегне можен американски воен удар.

Истовремено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела престојува во Вашингтон, каде Иран се очекува да биде главна тема на разговорите.

САД дополнително го засилија военото присуство на Блискиот Исток, испраќајќи носач на авиони, како и воени бродови и авиони, со цел да извршат притисок врз Иран во преговорите.