Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Иранската понуда за мир е целосно неприфатлива

/

пред 146 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп  го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови.

Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените претставници на Иран.  Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“.

Барањата на Иран беа доставени до САД преку посредничката земја Пакистан. А претходно,   САД предложија прекин на борбите, по што би започнале преговори за поконтроверзни прашања, како што е иранската нуклеарна програма.

Според информациите Иран сака преговорите да се фокусираат на трајно завршување на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан, каде што Израел се бори против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, и да ја обезбеди безбедноста на бродовите.

Додека најновиот предлог на Вашингтон се однесува на договор за завршување на војната, повторно отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара подоцна.