Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Исчезнаа иранските ПВО системи, воздухопловство, морнарица и лидери, за преговори е предоцна

/

пред 221 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп, во кратка објава на „Трут Сошл, напиша дека на Иран му порачал оти е предоцна за преговори.

„Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаатда разговараат, им рекол дека е предоцна“, напиша Трамп на „Трут Сошл“.

Американсо-израелски воздушни напади врз ирански воени и безбедносни цели започнаа во саботата. Иранските државни медиуми потврдија дека во нападите загина ајатолахот Али Хамнеи.

Иран одговори со бранови воздушни напади со проектили и дронови врз американски бази и енергетска инфраструктура во државите во Персискиот залив. Притоа се погодени цели во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и во Катар, а иранската Револуционерна гарда соопштои дека е затворен Ормутскиот теснец.

Вашингтон порача дека цел на операцијата е уништување на иранските ракетни капацитети и спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје. Иранските власти, пак, ги обвинуваат САД и Израел за дестабилизација на регионот.

Засега нема сигнали за деескалација на нападите и тензиите на Блискиот Исток.