Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека нема да учествува на дебата со демократската потпретседател Камала Харис, неколку часа откако Фокс њуз ги покани двајцата претседателски кандидати на можна втора дебата на 24 или 27 октомври.
Трамп и Харис првпат се соочија во дебата на 10 септември, а Трамп рече дека нема да има друга дебата пред претседателските избори на 5 ноември.
Тој ја одби претходната покана на Си-ен-ен за дебатата на 23 октомври, која Харис ја прифати. Според анкетите, претседателската трка е тесна. Харис го избра гувернерот на Минесота Тим Волц за нејзин потпретседателски кандидат, а Трамп го избра американскиот сенатор Џеј-Ди Венс.
Двајцата се соочија на ТВ Дуел минатата недела.











