Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси

/

пред 566 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“.

„Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас“ рече Трамп, кој минатата година беше осуден во случајот за скриени исплати кон порно актерка.

Тој, исто така, изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „исполни својата страна од зделката“, откако вчера го изрази своето незадоволство од пречките што го забавуваат мировниот договор меѓу Русија и Украина.

– Мислам дека тој ќе го исполни тоа што ми го кажа. И верувам дека сега ќе ја исполни својата страна од зделката. А потоа и (Володимир) Зеленски, се надевам, ќе ја исполни својата, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.