Американскиот претседател Доналд Трамп се залага за враќање на пластиката.
Трамп во понеделникот (10 февруари) потпиша наредба во Белата куќа во која се наведува дека американските владини оддели и агенции повеќе не треба да набавуваат и користат хартиени сламки во иднина.
Неговиот тим, исто така, треба да развие национална стратегија за ставање крај на употребата на хартиени сламки.
„Овие работи не функционираат. Сум ги имал многу пати, понекогаш се кршат.Ако нешто е жешко, тие не траат многу долго, прашање на минути е, понекогаш прашање на секунди, тоа е смешно, па ќе се вратиме на пластичните сламки. Мислам дека е во ред“, рече Трамп за употребата на хартиените сламки.
Екологистите алармираат дека со враќањето на пластиката во употреба би можела да се загрози животната средина, бидејки пластичните предмети за едно кратна употреба завршуваат во депониите или во дното на океаните.
Продажбата на пластичните сламки во земјите членки на ЕУ од 03.07.2021 е забранета ,а во САД по притисокот од активистите продажбата беше забранета.











