Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Мислам дека можеби имаме добри вести за завршување на војната во Украина

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација наскоро би можела да има добри вести за своите напори за завршување на речиси четиригодишната војна во Украина.

-Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа. Мислам дека можеби имаме добри вести, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе присуствува на разговорите со руските и украинските делегации во Абу Даби, соопшти вчера Белата куќа.

Зеленски претходно објави дека следната рунда трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Песков пак, изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари.