Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ризикувате Трета светска војна – Жестока дебата за време на средбата помеѓу Трамп и Зеленски

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денеска во Вашингтон со доза на оптимизам дека потпишувањето на бараниот од Трамп договор за украинските ретки минерали ќе ги стабилизира односите помеѓу двајцата лидери.

Но, Зеленски влета во замката на Трамп и неговиот потпретседател ЏД Венс, кои не ја пропуштија златната шанса максимално да го понижат украинскиот претседател при неговата денешна посета на САД, понижување кое Украинецот беше приморан да го истрпи.

Во повеќе наврати се обиде да ја одбрани критичната позиција во која се наоѓаат тој и неговата земја, но постојано беше прекинуван од Трамп и Венс.

Отворениот дел од средбата во Овалната соба брзо прерасна во тензичната размена меѓу Зеленски со Трамп и Венс.

Потпретседателот го обвини Зеленски за „непочитување“, додека Трамп потоа му рече на украинскиот лидер „дека се коцка со Третата светска војна“. „Постигнете договор или ние ќе ве напуштиме“.

тоа што го правиш е навредливо за оваа држава, оваа држава која што те поддржа многу повеќе отколку што некои сметаа дека е потребно, го предупреди трамп.

Одговорот на Зеленски дека има голема почит кон САД беше прекинат од Венс кој му забележа дека ниту еднаш за време на средбата не изразил благодарност.

Ја посетивте пенсилванија во октомври, каде што учествувавте во кампањата на опозицијата. Изустете барем еден збор за благодарност кон земјата и претседателот кој се обидува да ја спаси вашата земја, остро му порача Венс.

Претседателот Зеленски на тоа одговори со прашање за потпретседателот Венс, дали бил во Украина за да ги види проблемите на земјата, на што Венс одговори прочитал за тоа и го видел.

Зеленски одмавна со главата и одговори дека и САД на крајот ќе ги почувствуваат последиците од војната.

Оваа реплика на Зеленски го разлути Трамп.

Не ни кажувајте што ќе чувствуваме. Вие не сте во позиција да диктирате што ќе чувствуваме. Ќе се чувствуваме многу добро и ќе бидеме многу силни, му рече Трамп.

Изјавите за медиуми завршија со тоа што Трамп му кажа на Зеленски дека не е „многу благодарен“ и дека „ова ќе направи одлична гледаност на  телевизија“.

Зеленски пристигна во Белата куќа на разговори со Трамп