Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

/

пред 519 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во понеделник ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со сојузниците од НАТО, со цел да се стави крај на, како што рече, „крвопролевањето“ во Украина.

Разговорот со Путин е закажан за понеделник во 16 часот по средноевропско време.

„Се надевам дека разговорите ќе бидат продуктивни, дека ќе дојде до примирје и конечно завршување на овој многу насилен конфликт – војна што никогаш не требаше да се случи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Оваа најава следува еден ден по неуспешните директни преговори меѓу Москва и Киев во Истанбул, кои не резултираа со договор за прекин на огнот. Рускиот претседател Путин ја одби понудата на Зеленски за лична средба во Турција, иако самиот претходно предложи преговори без предуслови.

Русија и Украина договорија најголема размена на заробеници од почетокот на војната