Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Не е толку лошо, очекував поголем раст на цените на нафтата

/

пред 204 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека очекувал поголем раст на цените на нафтата, сугерирајќи дека економскиот ефект засега е поблаг одошто предвидувал пред да ги одобри американските напади врз Иран, пишува „Си-Ен-Ен“.

„Реков знаете, ако го направам тоа, цените на нафтата ќе пораснат, економијата малку ќе падне. Мислев дека ќе биде полошо, многу полошо“, рече Трамп за време на билатерален состанок во Белата куќа со јапонската премиерка Санае Такаичи.

„Впрочем мислев дека има можностда биде полошо. Не е лошо и наскоро ќе биде се готово“, додаде тој.

Запрашандали ќе ги укине санкциите за иранската нафта, американскиот претседател најави дека ќе стори „што и да е потребно“ за да помогне за стабилизирање на цените.

Неговите изјави доаѓаат во момент кога глобалните енергетски пазари реагираа на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, пришто цената на нафтата Брент, меѓународен референтен стандард, утрово достигна 115 долари за барел, откако израелските напади предизвикаа ирански одговор насочен кон клучната енергетска инфраструктура.