Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп не се согласува со американските разузнавачи

/

пред 480 дена

Сподели преку :

Извештајот на американските разузнавачки агенции во однос на штетата врз иранската нуклеарна програма од американските напади, кој проценува дека таа е многу помала од предвидената ја разлути администрацијата. Претседателот Трамп веднаш го отфрли, порачувајќи дека станува збор за разузнавачка игра.

„Верувам дека беа сосема збришани. Верувам дека немаа шанса да извадат ништо затоа што ние дејствувавме брзо. Можеби ќе можеа ако чекавме две недели, но многу е тешко да се извади таков тип на материјал, многу тешко и многу опасно да се извади. Дополнително што знаеја дека доаѓаме, а што знаеја дека доаѓаме тогаш немало да бидат таму“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Неговиот министер за одбрана отиде малку подалеку и обвини за политички мотиви зад објавувањето на извештајот, кој бил доверлив.

„Во моментов спроведуваме истрага за протекување информации со Федералното биро за истраги, оваа информација е само за внатрешна употреба, проценки на штета. „Си-Ен-Ен“ и останатите се обидуваат да го извртат за да му наштетат на претседателот, иако ова беше спектакуларен успех“, вели Пит Хегсет, министер за одбрана на САД.

Од другата страна, Израелците на чие инсистирање САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки, инсистираат дека ѝ нанеле значителна штета.

„Можам да кажам дека според нашите проценки ѝ нанесовме значителна штета на нуклеарната програма, и исто можам да кажам дека ја уназадивме за години“, тврди бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпарол на ИДФ.

Од НАТО самитот во Хаг, каде Трамп го придружуваат Хегсет и државниот секретар Марко Рубио, Американците уште еднаш им порачаа на Иранците да седнат на преговарачка меса.

Но, чекорите на Техеран по објавувањето на примирјето посочуваат дека Иран ќе оди во спротивна насока. Законодавниот дом изгласа суспендирање на надзорот кој Меѓународната агенција за атомска енергија го вршеше врз иранската нуклеарна програма, а се повикува и за повлекување на земјата од меѓународните договори за пролиферација.

Режимот во Техеран навестува дека ќе го забрза темпото на нуклеарната програма, зголемувајќи ги стравовите на голем дел од експертите кои предупредуваа дека ако биде нападнат, режимот ќе заклучи дека единствената гаранција за неговиот опстанок ќе биде поседувањето нуклеарно оружје.

Игор Трајков

Исфахан погоден со ракети „Томахавк“, а не со бустер бомби, штети врз објектите на земја, најголем дел од центрифугите „недопрени“ – американски разузнавачи за операцијата на САД врз Иран