Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, на која тврди дека е сликан претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на американскиот воен брод „Иво Џима“, со кој претходно во интервјуто за Фокс Њуз кажа дека тој ќе биде пренесен во Соединетите американски држави.
На фотографијата се гледа Мадуро, со маска преку очите и слушалки преку ушите, облечен во сиви тренерки.











