Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп порача „ако победам, војната во Украина ќе заврши за 24 часа“, Зеленски му одговори „тоа не е можно“

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителни финансии од САД за неговата земја за да може да се спротивстави на Русија и го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев и со свои очи да се увери во размерите на војната.

Зеленски додаде дека американските војници бо можеле да бидат вовлечени во поширок европски конфликт со Русија, доколку Вашингтон не ја засили поддршката.

„Ако Русија сите нè убие, ќе ги нападне државите од НАТО, а потоа ќе ги праќате своите синови и ќерки“, порача Зеленски до Американците во разговор за „Ен-Би-Си“.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика конгресот да одобри закон за дополнително финансирање, во најголем дел за засилување на украинската одбрана, но и помош за Израел, индопацифичкото подрачје и засилување на контролата на границите.

Наместо тоа, Претставничкиот дом, предводен од Републиканците, минатата недела усвои закон за помош на Израел од 14,3 милијарди долари, меѓутоа не и за зголемување на помошта за Украина.

Трамп сака да се врати во Белата куќа на изборите наредната година и важи за прв фаворит на Републиканците. Тој силно ја критикува американската помош за Киев, порачувајќи дека би можел да ја заврши војната за 24 часа ако биде победи на претседателските избори во 2024 година.

„Ако може да дојде, за 24 минути ќе му објаснам на претседателот Трамп дека не множе да управува со оваа војна. Не може да дојде до мир поради Путин“, изјави Зеленски.