Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп повикува на безусловно 30 дневно примирје меѓу Русија и Украина

/

пред 528 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на едномесечен безусловен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, предупредувајќи дека секоја повреда ќе биде санкционирана.

Повикот следи по разговор со украинскиот претседател Зеленски, кој изрази подготвеност за разговори, но само по целосен прекин на борбите.

Трамп изјави дека е достапен за посредување и истакна дека преговорите мора да водат кон траен мир. Украинскиот претседател Зеленски во изјава на социјалните мрежи рече дека Украина е подготвена за мировни разговори „во кој било формат“, но додаде дека целосен прекин на огнот е неопходен предуслов за започнување на вистински дијалог.

Истовремено, Белата куќа потврди дека САД ќе го преиспитаат своето посредништво доколку не се забележи напредок во деескалацијата во блиска иднина.