Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп предизвика нова конфузија со тарифите за електроника

/

пред 542 дена

Сподели преку :

Конфузијата околу тарифите на претседателот Доналд Трамп останува особено околу прашањата поврзани со трговијата со електроника за широка потрошувачка. Администрацијата на Трамп ги паузираше новите даноци на електрониката увезена во САД – сигнализирајќи одредено олеснување од трговските војни кои особено ескалираа со Кина, главен извозник на технологија од паметни телефони до лаптопи.

Oвие стоки остануваат предмет на други давачки. Kинеското Министерство за трговија го поздрави делумното одложување – но продолжи да бара САД целосно да ги укинат останатите тарифи. Кинескиот претседател Си Џинпинг го повтори тоа на почетокот од неделава, истакнувајќи дека „нема победници во трговската војна“.

Тој додаде дека и Кина и САД „треба решително да го заштитат мултилатералниот трговски систем, стабилните глобални индустриски и синџири на снабдување и отворената и кооперативна меѓународна средина“.