Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Прво примирје во Украина, а потоа разговори за мировни сили

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп на средбата со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека прво сака да се постигне договор за прекин на огнот во Украина, пред да се разговара за распоредување на мировни сили.

„Мислам дека Русија се однесува многу добро. Мислам дека сме многу блиску до договор, но сè уште не сме го постигнале. Затоа не сакам да зборувам за зачувување на мирот, додека не постигнеме договор за придвижување на работите“, наведе Трамп.

Британскиот премиер Стармер ги повика САД да осигурат безбедносен „заштитен механизам“ за кои било европски сили кои би биле дел од евентуалната мировна мисија во Украина. Тој го пофали Трамп што „го променил тонот на разговорите и овозможи постигнување мировен договор“.

Трамп најави дека денеска ќе биде потпишан договорот за експлоатација на украинските минерални ресурси со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Одговарајќи на новинарско прашање се обиде да ја минимизира својата неодамнешна изјава дека Зеленски е диктатор.