Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека денеска имал „многу добри разговори“ со својот руски колега Владимир Путин, но и со неговиот украински колега Володимир Зеленски.
– Работиме на руската ситуација… се надеваме дека ќе го завршиме и тоа, додаде Трамп.
Претходно, потпретседателот Џејди Венс изјави дека конфликтот во Украина е најтешкиот за решавање, и покрај тоа што, како што рече, претходно се очекувало да биде најлесен.
Говорејќи пред студенти во Будимпешта, Венс посочи дека по постигнатото примирје со Иран, украинскиот конфликт останува најкомплексниот предизвик, додавајќи дека САД веќе 14 месеци работат на постигнување мировен договор меѓу Москва и Киев.
– Успеавме да ги доближиме позициите на двете страни, но сè уште не сме во финалната фаза. Сепак, сум оптимист бидејќи оваа војна веќе ја губи својата смисла – истакна Венс, повикувајќи ги страните да не се фокусираат на „неколку квадратни километри територија“.











