Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп размислува за заземање на иранскиот остров Харг

/

пред 190 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за можноста САД да ја преземат контролата врз иранскиот остров Харг, клучен извозен центар за нафта.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој посочи дека операцијата би можела „лесно“ да се изведе, но додаде дека мировен договор со Иран може да се постигне „многу брзо“.

Меѓувреме, тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат, при што Иран се закани со проширување на нападите, додека САД распоредија дополнителни 3.500 војници во регионот.

Се разгледуваат и други сценарија, вклучително и можна операција за преземање на збогатен ураниум од ирански нуклеарни објекти, што според американските медиуми би било високо ризично и комплексно.

Во исто време, постојат дипломатски напори за деескалација, откако Пакистан најави можност за организирање мировни преговори во наредните денови.