Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Рускиот претседател сака да се сретнеме, ние се подготвуваме

/

пред 648 дена

Сподели преку :

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин сака да се сретнат и дека се организира средба меѓу нив двајцата.

Тој ја даде изјавата синоќа, само една и пол недела пред да ја преземе функцијата, по ветувањата за време на неговата кампања да донесе мир во Украина, која е под руска инвазија од февруари 2022 година.

Тој сака да се сретнеме, а ние се подготвуваме за средбата, рече Трамп на состанокот со републиканските гувернери во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Трамп никогаш не дал конкретни предлози за прекин на огнот или мировен договор и често ја критикуваше големата воена помош што САД ја испратија до Киев.

САД со Бајден се најголемиот поддржувач на Украина за време на војната со воена помош вредна повеќе од 65 милијарди долари од февруари 2022 година.