Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп сака да испрати нуклеарен реактор на Месечината пред Русија и Кина – кој прв ќе успее „би можел да прогласи зона на забранет пристап“

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави сакаат да постават мал нуклеарен реактор на површината на Месечината пред тоа да го сторат Русија и Кина, порача привремениот први човек на НАСА пред вработените во вселенската агенција.

НАСА мора да биде подготвена за лансирање на реактор на Месечината до првиот квартал на фискалната 2030 година, е наведено во директивата на министерот за сообраќајна инфраструктура, Шон Дафи, кој моментно е в.д. директор на американската вселенска агенција.

Русија и Кина најавија оти до средината на 2030-тите имаат намера да постават реактор на Месечината за потребите на заедничката лунарна база. На такво упатуваат изјавина официјални претставници во Москва и во Пекинг.

Првата држава која ќе постави реактор на Месечината, „би можела да прогласи зона на забранет пристап“, што значително би ја отежнало намерата на САД да воспостават планирано присуство во рамки на мисијата Артемис, ако таму не стигнат први, предупреди Дафи.

Мисијата Артемис е американска истражувачка програма која е најавена уште во 2017 година. Според директивата на Дафи, НАСА мора да објави повик до индустријата за доставување на понуди во рок од 60 дена. Реакторот би морал да произведува најмалку 100 киловати електрична енергија и да биде транспортиран со помош на летало за спуштање на голема носивост со капацитет од 15 тони товар.