Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп се закани со нови тарифи против земјите кои не го поддржуваат американското преземање на Гренланд

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани денеска дека ќе воведе нови тарифи против државите кои не го поддржуваат неговиот план за анексија на Гренланд во САД.

Тој не кажа кои точно земји би можеле да бидат опфатени со овие нови даноци или пак врз основа на што ќе ја базира својата одлука да ги користи тарифите за остварување на својата цел.

Освен Данска и Гренланд, повеќе други земји не ги поддржуваат територијалните амбиции на Трамп, додека оваа идеја има противници и во САД.

Додека Трамп зборуваше, конгресна делегација со претставници од двете партии, престојува во посета на Гренланд, во поддршка на Гренланд.

Меѓу единаесетмината Сенатори и членови на Претставничкиот дом се и двајца Сенатори од Републиканската партија кои изразија загриженост заради планот на Трамп, Лиза Мурковски од Алјаска и Том Тилис од Северна Каролина.

Тие разговараа со пратеници од Данскиот парламент, како и Премиерката на оваа држава, Мете Фредериксен и нејзиниот колега од Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.