Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп со порака до режимот во Техеран: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!

/

пред 488 дена

Сподели преку :

По релативното затишје од неочекувани постапки зборови или провокативни објави на социјалните медиуми, откако се одмори по предвременото напуштање на самитот на Г7 во Канада, лидерот на најмоќната држава во светот, американскиот претседател Доналд Трамп, повторно се погрижи да се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.

Откако неговата администрација, упорно и тврдоглаво се обидуваше да укаже дека САД не биле дел од израелските напади против Иран, нивниот шеф во серија објави на својата социјална мрежа Трут Сошал, се погрижи да ги демантира.

Тој најпрвин напиша: „Ние имаме целосна контрола над иранското небо“, ставајќи го акцентот на квалитетот на американската воена опрема која ја користи Израел во своите операции, но и ставајќи ги САД рамо до рамо во нападите против исламската република.

Трамп потоа се пофали дека точно знаат каде се криел, како што го нарече таканаречениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.

„Тој е лесна цел, но таму е безбеден – нема да го отстраниме (убиеме), барем не засега. Но не сакаме со ракети да бидат истрелувани кон цивилите или американски војници. Нашето трпение има граници“ – објави Трамп.

Серијата објави на социјалните медиуми, барем засега, Трамп ја заврши со пораката: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ, со сите големи букви, за да остави поголем впечаток секако.