Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп телефонски разговарал со Путин на две недели пред третата годишнина од руската инвазија на Украина

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“.

Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.

Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп.

Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали.

Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакна Трамп.

Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД.

Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој се осврна и на Иран, истакнувајќи оти преферира да склучи договор за иранската нуклеарна програма

Би сакал договор пред да ги бомбардирам … Тие не сакаат да умрат. Никој не сака да умре … Ако склучиме договор, Израел нема да ги бомбардира, наведе американскиот претседател.

Но, тој не открие детали за можните преговори со Иран и одби да каже што ќе му понуди на Техеран за возврат.

Не можам да го кажам тоа бидејќи е премногу непријатно. Нема да ги бомбардирам, истакна Трамп.