Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

/

пред 118 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД Доналд Трамп ја отфрла идејата дека започнувањето на војната со Иран оваа година всушност ја дементирала  неговата изјава „без нови војни“ што ја повторувал постојано додека повторно водеше кампања за Белата Куќа. Трамп, во интервју што се емитуваше на емисијата „Мeet the press“ на NBC, рече дека „не гарантирал“ дека нема да има војни ако се врати на функцијата.

Репортер: Значи, велите дека не сте го прекршиле ветувањето, а сепак, господине претседателе, во вашиот прв мандат се држевте до тоа ветување и тоа беше толку фундаментално за тоа кој бевте како кандидат, за претседател во првиот мандат. Што се промени затоа што инсистиравте да неманови војни?“

Доналд Трамп:

Лу, прво, не гарантирав дека нема да има војна. Зошто би ја изградил најсилната војска во светот? Јас ја изградив нашата војска. Наследив ужасна војска. Немавме опрема. Немавме ништо. Јас изградив огромна војска. Бајден подари многу од неа, но сепак е релативно мал дел в споредба со она што  јас го изградив, истакна Трамп.