Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Виткоф во среда или четврток во Москва

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговиот специјален пратеник, Стив Витков, во среда или четврток ќе отпатува во Москва, во обид да изврши притисок врз руските власти да се согласат со прекин на огнот во војната во Украина, заканувајќи се со нови економски санкции доколку не биде постигнат напредок.

Русија не само што не покажува подготвеност за прифаќање на американските барање, туку и ги интензивираше нападите врз Украина, откако Трамп ѝ даде рок на официјална Москва до 8 август да запре со нападите.

Новите санкции сега се многу веројатни, најави американскиот претседател, иако и самиот се сомнева колку ќе бидат успешни.