Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Влогот на изборите не може да биде поголем, светот е на работ на трета светска војна

/

пред 1023 дена

Сподели преку :

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера изјави дека влогот на изборите во 2024 година „не може да биде поголем“, додавајќи дека светот „стои на работ на третата светска војна“.

Влогот на овие избори не може да биде поголем. Под Џо Бајден, нашите граници се избришани. Милиони илегални странци упаѓаат од целиот свет. Нашата средна класа е уништена од инфлацијата на Бајден. Насилните криминалци дивеат во градовите управувани од демократите, додека органите на редот се вооружени против христијаните, конзервативците и верниците, напиша Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.

Тој додаде дека во исто време војна се води во Украина и на Блискиот Исток, додека Кина му се заканува на Тајван, а Иран е на неколку сантиметри оддалечен од нуклеарна бомба.

Тој рече дека е единствениот кандидат на изборите кој е „на висина на задачата да ја спаси Америка од сите катастрофи на Бајден, почнувајќи од првиот ден“.